Д-р Цветко Смилевски

Проф. д-р Цветко Смилевски е наставник на БАС по наставната област Претприемништво. Оваа област тој ја третира во сите нејзини појавни форми. Така, на академски план тој е коавтор на првата објавена книга од претприемништво во Р. Македонија: Секстон и др. (1993): Претприемаштво – креативност и развој, Скопје: ДЕТРА Центар. На полето на практикувањето на претприемништвото тој е инцијатор, основач и менаџер на поголем број претприемнички потфати: Центар за развој на менаџментот и човечките ресурси, како организациска единица при Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) Скопје – 1990, ДЕТРА Центар, како приватна обучувачко-консултантска компанија Скопје – 1991, Постдиплмиски студии по кадровски менаџмент, сега менаџмент на човечките ресурси и по деловен менаџмент при ИСППИ Скопје – 1992, како први студии по менаџмент во Р. Македонија, Постдипломски студии по методика и по менаџмент во образованието на Педагошкиот факултет во Битола – 2002 и последно – основањето на Бизнис Академијата Смилевски – акредитација во 2007. На консултантски план тој работел со поглем број претприемнички фирми: Хај Тек – Орешани, ВИПРО – Гевгелија, Елекстроелемент – Скопје, Енигма – Битола, Република – маркетиншка агенција од Скопје и многу други, покрај консултантската работа има работено и со големи приватни и јавни претпријатија, образовни организции и невладини организации.

Како пионерски инцијатор, реализатор и истражувач на менаџерското образование во Р. Македонија, проф. Смилевски е редовен универзитетски професор по поглем број предмети од областа на менаџментот и педагогијата меѓу кои позначјани се: Менаџмент на човечките ресурси, Организациско учење и Менаџмент на промените на ИСППИ Скопје, Методологија на истражување, Образовна технологија и Методика на техничкото образование на Педагошкиот факултет во Битола, Андрагогија и Методологија на истражување на Воената академија во Скопје. Проф. Смилевски предавал или сеуште предава и други слични предмети на: Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Евроскиот универзитет Скопје, Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, Филозофскиот факултет во Скопје, Педагошко-техничкиот факултет во Зрењанин, Република Србија.

Резултатите од истражувачката, наставната и консултантската дејност проф. Смилевски ги има објавено во преку 20 посебни публикации (научни студии, основношколски, средношколски и високошколски учебници) и преку 200 стручни и научни статии во списанија и зборници од научни собири. Меѓу нив посебно треба да се одбележат универзитетските учебници: Методика на техничкото образование, Предизвикот и мајсторството на организациските промени и Методологија на истражувањето, како оргинален научен и педагошки придонес во својата област.

Особено значаен е придонесот на проф. Смилевски во формирањето на наставно-научен кадар од областа на педагогијата и менаџментот во Р. Македонија преку менторство на голем број специјализанти, магистранти и докторанти во споменатите две научни области.