Д-р Менде Солунчевски

Доц.д-р Менде Солунчевски е наставник во насловно звање професор за наставниот предмет Стратегиски менаџмент.

Филозофски факултет-ННСГ-Одбрана завршува на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1988 година. Магистрира на Институтот за одбрана при Филозовски факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2001 година и се здобива со звање ,,Магистер по одбрана”.

Докторира на тема ,,Обезбеденост и развој на човечките ресурси за ефективно и ефикасно функционирање на системот за заштита и спасување во Република Македонија” на ИСППИ при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2008 година и се здобива со звање ,,Доктор на менаџмент”.

Негова главна специјалност му е одбрана, заштита и менаџмент. На теми од овие области присуствувал на повеќе научни советувања во Републиката. Има пишувано научни трудови од областа на одбраната и заштитата во списанијата: Одбрана и Современа македонска одбрана, Офицер и др.

Ги има издадено книгите: ,,Цивилна заштита“, „Менаџмент на човечки ресурси во системот за заштита и спасување” во 2008 година и Организација и менаџмент на подрачните единици за одбрана, ОРОРМ, Скопје, 2010.

Предава на Бизнис академија Смилевски, Меѓународен славјански институт и Воена академија.