Д-р Таип Јакупи

Дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на Интердисциплинарните студии по Производно-техничко образование.

Завршува постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, оддел за кадровски менаџмент во областа Менаџмент и се стекнува со титула Магистер по кадровски Менаџмент. Насловот на магистерскиот труд е „Организациското учење како стратегија за подобрување на квалитетот на работниот живот“.

Докторската дисертација на тема „Моделирање на менторството во спроведување на организациските промени“ ја брани успешно и се стекнува со титула Доктор по менаџмент.

Учествувал на повеќе семинари од меѓународен карактер во рамките на Светскиот поштенски сојуз од областа на управувањето, трансформациите и маркетингот.

Своите претприемачки активности ги започнува во 1991 година со основањето на сопствен бизнис во делот на трговијата кој успешно функционира веќе втора деценија.

Во 1996 се вработува во Министерство за труд и социјална политика, во Државниот инспекторат за труд каде останува се до 2002 година кога е именуван за Генерален директор на Јавното претпријатие за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“.

Во времето на управувањето со „Македонска Пошта“ е извршена организациската, статусната и кадровската трансформација на компанијата.