Горазд Смилевски

Во својот образовен развој Горазд Смилевски има комбинација на знаења од областа на информатиката, лингвистиката (дипломант на катедрата за англиски јазик и книжевност и катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“) и од областа на менаџментот на човечките ресурси (магистрант на студиумот по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје).

Неговата образовна основа е дополнета со долгогодишно искуство во усни и писмени преводи од деловната сфера како и екстензивни обуки во областа на претприемништвото, организациските промени и практично искуство во процесното консултантство за организациски промени (водење на оперативни тимови) и како оперативен менаџер на ДЕТРА Центар.