Александар Чоневски, работи како предавач од 2006 год. Во БАС е од 2010 година. Како двегодишен стипендист на Пактот за Стабилност (2004-2006), магистрира на Германскиот Универзитетот, Виадрина во Франкфурт/Одра и Романско-Бугарскиот Универзитет, БРИЕ, Факултет за Бизнис и Менаџмент на тема: Република Македонија во процесот на Стабилизација и Асоцијација во споредба со другите земји од Југоисточна Европа, под менторство на проф. д-р Аутенгрубер Христијан и проф. д-р Емил Минтчев. Специјалистичките студии по Интеркултурна комуникација ги завршува на Филозофскиот факултет во Скопје на англиски јазик, под менторство на проф. Рајнер Јарошек во учебната 2003/04.
Од 2006 до 2009 година работи на повеќе проекти во државната администрација, Министерството за финансии на Твининг проектот за спречување на перење пари и финансирање тероризам, во Агенцијата за катастар на недвижности, на проектот Зајакнување на капацитетите во 2 фаза. Од 2002 до 2004 година во невладиниот сектор, Меѓународниот институт за Трајни заедници на проектот за КАПи и ЛЕАПи. Во 2000 до 2002 година, волонтира на проектните активности на Црвениот крст на Република Македонија и Германската невладина организација IIZ/DVV.
За време на студиите и работата, посетува голем број на летни школи по дипломатија и менаџмент во Белгија, Германија, Австрија, Италија, Полска, Грција, Романија, Босна и Херцеговина и други.
Автор е на бројни стручни публикации и книги во областа на Организациските односи, Глобализацијата, Европската Интеграција и Социјалните политики.
Член е на Херти Фондацијата, Германија од 2004 год.
Потпишувач e на Tвининг соработка во Сеул, Ј.Кореа на ЕГМОНТ Светскиот Самит со државата Аруба во делот на Финансиското разузнување помеѓу двете земји (FIU), 2008год.
Учествува во Комитетот на државната работната група како преставник од Министерството за Финансии за Визна либерализација на Република Македонија во 2007 и 2008год.