M-р Ана Салтирова Давидовски

М-р Ана Салтирова Давидовски во својот образовен развој има мошне корисна комбинација на знаења од областа на социјалните аспекти на работата и животот (дипломиран социјален работник при Филозофскиот факултет на Институтот за социјална работа и социјална политика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје) и од областа на менаџментот на човечките ресурси (магистер по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на тема „Програмирање на самоактивноста за развој на личното мајсторство“). Својот професионален развој го продолжува со следење на обуки од областа на комуникацијата и се стекнува со звањето NLP Master (акредитирано од: The International Association for NLP – IANLP; International Association of NLP Institutes – NLP-IN; European Community for Neuro-Linguistic Programming – ECNLP; European Coaching Association – ECA).

Оваа образовна основа е дополнета со практично искуство во областа на грижа за корисниците и аналитичар во телекомуникациската област (2001-2007 год.), водење на оперативни тимови за организациски промени како соработник на Институтот за менаџмент ДЕТРА Центар (2005-денес), обучувач во Институтот за менаџмент ДЕТРА Центар од следните области: организациско комуницирање, грижа за корисници, комуникациски вештини, продажни вештини, личен менаџмент (2005-денес),  специјалист за развој на човечките ресурси во Институтот за менаџмент ДЕТРА Центар (2007-2011) и како менаџер за човечки ресурси во АМСМ Услуги Консалтинг каде е одговорна за развојот на човечките ресурси на 13 компании во системот на АМСМ (2011-денес). Коавтор е на компендиумот за Личен менаџмент, Бизнис академија Смилевски, Скопје 2008, исто така е дописник и на првото специјализирано списание за човечки ресурси во Македонија HR Global.

Нејзините посебни наставни, истражувачки и консултанстки интереси се фокусирани кон практично имплементирање и адаптирање на новините кои доаѓаат од запад, за поотворено и побрзо справување со промените.