М-р Благој Цонев

Завршува општа гимназија во Делчево, по што се запиува на Правно-историскиот факултет при Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски” во Благоевград - Република Бугарија на Катедрата по меѓународно право и меѓународни односи, каде што четири годишните студии ги завршува за три години. Во 2007 дипломира со почести (cum laude) и се здобива со Диплома по Меѓународни односи (Bachelor of International Affairs). За време на дипломските студии има студиски престој во Универзитетот Демокрит во Комотини – Република Грција на Школата за правни науки (Институт за меѓународно право и меѓународни студии), каде учи како стипендист на Европската комисија по програмата INTEREG IIIA , и во Центарот за Меѓународни правни науки во Салзбург – СР Австрија, каде што посетува курс по Американско уставно право.

Во 2008 Благој Цонев е запишан како редовен магистрант по Балканистика на Катедрата по меѓународно право и меѓународни односи на Правно-историскиот факултет при Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски” во Благоевград, каде што магистрира како најдобар во класата на Киријак Цонев (summa cum laude) со насока на теза за Блиско-источни студии на тема: Еволуција на позициите на ционизмот по прашање на Блиско-источната криза по Октомвриската војна од 1973 година, и се сдобива со научното звање: Магистер по меѓународни односи (Master of International Affairs – M.I.A.)

Во периодот од 2005 – 2006 година Благој Цонев работи како новинар во списанието Меѓународна политика на Катедрата за меѓународно право и меѓународни односи на Југозападниот Универзитет во Благоевград. Од 2006 до 2007 година е помлад уредник на списанието Меѓународна политика и демостратор по предметите: Историја на меѓународните односи, Политичка историја на Балканските држави, Меѓународна безбедност и Геополитика. Во периодот 2008 – 2009 година работи како соработник во Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции во Владата на Република Македонија, задолжен за соработка со фирми од Блискиот исток и заливот.

Благој Цонев е активен член на BFSA – Balkan Future Studies Association во Софија, како и на повеќе волонтерски мировни организации.

М-р Благој Цонев зборува англиски, француски и бугарски јазик, а се служи со арапски и руски јазик.