М-р Даниела Велкова својот примарен фокус го насочува кон образованието. Додипломски студии завршува на Педагошкиот факултет во Скопје, каде во 2006 година се здобива со звањето Дипломиран професор по одделенска настава. Водејќи се со предизвиците кои ги носи образованието, ги завршува и постдипломските студии на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за педагогија, каде во 2009 година успешно ја брани својата магистерска теза со наслов: „Менаџирање со човечките ресурси во образованието (комуникациски ситуации и модели)“ и се здобива со звањето Магистер по менаџмент во образование. Своето образование планира да го продолжи и на докторски студии во областа на менаџмент во образованието, каде моментално работи на изготвување на предлог елаборатот. Во меѓувреме своите знаења ги дополнува со следење на обуки, работилници, конференции и семинари.
Своите знаења и познавања што ги има стекнато низ процесот на образование умешно ги искористува и во практиката. Најпрво доброволно волонтира во О.У.„Васил Главинов“ во Велес. Потоа својот кариерен развој го продолжува како таен купувач во SWOT – Македонската агенција за Mistery Shopping – Скопје. Одреден период од нејзиниот кариерен развој работи како деловен секретар и записничар во Нотарската канцеларија на Магдалена Ордева во Велес. Од 2007 година официјално станува дел од Бизнис академија Смилевски – БАС, каде е избрана за помлад асистент. Од 2008 година почнува активно да работи како помлад асистент и истовремено и како Деловен секретар во БАС. Во 2010 година е избрана за предавач на БАС за наставната група на предмети Деловно секретарство. Истата година е избрана и за академски администратор во седиштето на БАС во Скопје. Во меѓувреме учествува и на разни проекти во улога на консултант, водечки обучувач, обучувач и кообучувач за потребите на ДЕТРА Центар.
Автор е на неколку компендиуми: Интерперсоналните деловни вештини, Канцеларискиот менаџмент, Менаџментот на човечки ресурси и сл. за потребите на Академијата, а истовремено се јавува и како автор на текстови за билтени, списанија и научни конференции.
М-р Даниела Велкова