М-р Дарјан Раденковиќ своето средно образование го завршува во 2000-та година во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Истата година се запишува на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за општа и компаративна книжевност, каде и дипломира во 2005 година. Своето образование го продолжува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, на отсекот Комуникации, каде во 2009-та година се стекнува со звање магистер. Покрај формалното образование, бил учесник на неколку меѓународни конференции од областа на комуникациите и медиумите.
Дарјан Раденковиќ својата кариера ја започнува во 2006 година, како помлад асистент на Факултетот за комуникации и медиуми при Европскиот Универзитет – Република Македонија. На оваа позиција се задржува три години, заклучно со јуни 2009 година, држејќи настава по предметите Историја на масовни комуникации; Односи со јавност; Јавност, јавно мнение и масовни комуникации и Комуницирање и преговарање.
Од јануари 2010 е надворешен соработник на проектот „Унапредување на медиумската писменост во Република Македонија“ на Македонскиот институт за медиуми – МИМ и Институтот за демократија, со функција уредник на Интернет-страницата на проектот. Од јануари 2011 е одговорен за комуникации и односи со јавност во Винер Осигурување - Виена Иншуренс Груп.