Во периодот од 2002-2006 г. се запишува на додипломски студии на Педагошкиот факултет во Битола, каде дипломира во 2006г. Своето образование го продолжува на магистерски студии на Филозофскиот факултет, на Институтот за педагогија - менаџмент во образование и се стекнува со научен степен М-р на менаџмент во образование.
Подолг период се занимава и истражува во делот на Приватниот образовен систем т.е приватните училишта за гимназиско образование во Р.М и работи на својот магистерски труд „Основање, управување и современи трендови во приватните училишта за гимназиско образование“.
Преку проектот „Земја на информатичари“ ангажирана е како предавач во областа на информатиката.
Во периодот 2009/10 год е слушател на проекти организирани од Министерство за образование и наука каде се овозможува стекнување на практично искуство и работилници во делот на образовната сфера.