Додипломски студии завршува на Педагошкиот факултет – Битола како дипломиран учител. Специјализира во областа на Менаџмент во образованието на тема „Поставување и остварување на стандарди во училничкиот менаџмент“ (2005 год). Магистер е по менаџмент во образованието. Во декември 2006 год. магистрира на тема „Од училнички кон училишен кодекс на однесување“. Одобрен е докторскиот елаборат на тема: „Улогата на високообразовните организации во професионалната практика на додипломските студии“.
Посетува повеќе сертификувани обуки низ кои се стекнува со фасилитаторски, обучувачки вештини, ИКТ вештини и вештини за консултантство воопшто.
Консултант е во Институтот за менаџмент ДЕТРА Центар Скопје каде стекнува со богато обучувачко и наставно искуство. Има објавено повеќе трудови и учествува на конференции со кои го збогатува своето образовно и професионално поле.
Во 2007 ја објавува и својата прва книга во областа на училишниот менаџмент „Од училнички кон училишен кодекс на однесување“.