М-р Јосиф Петровски

Јосиф Петровски своето средно образование го завршува во гиманазија „Јосип Броз - Тито“ - Битола во генерацијата 2001/2002 година. Додипломските студии ги започнува на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски‘‘ во Битола, на Техничкиот факултет во Битола, на студиската програма по Техничка информатика, каде дипломира во 2005 година и се здобива со звањето Дипломиран информатичар.

Последипломските студии ги завршува на Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, каде што во 2009 се стекна со научен степен Магистар по компјутерски науки. Насловот на магистерската теза е: „Улогата на софтверски помагала во наставата на општообразовните предмети – Едукативен софтвер по предметот информатика“

Учествува на повеќе интернационални конференции со објавени научни трудови, како и голем број работилници и обуки.