М-р Љупчо Бошевски

Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола, на насоката комерцијално работење во претпријатијата.

По завршувањето на факултетот, се вработува во АД Жито Битола, во секторот Организација на трговска мрежа, како Раководител на комерција.

Во текот на редовниот работен однос, и покрај работата во стручниот тим на фирмата за Организирање и развој на трговската мрежа се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски”-Битола. По завршувањето на дефинираната програма на постдипломските студии, вклучително и магистерското истражување, магистрира со одбрана на магистерската теза ,,Улогата на државата во регулирањето и насочувањето на економските процеси” и се здобил со звањето Магистер по развојно планирање на претпријатијата.

Од 1999 година е вработен како Раководител на секторот за финансии во Општина Битола, каде успешно ја координира и насочува финансиската работа во Општината, го подготвува и реализира буџетот, ја изработува завршната сметка, ги подготвува и реализира тендерските постапки како и останатите работи поврзани со тековните финансиски трансакции на Општина Битола.

Од 2009 година работи како Директор на ЈП ,,Стрежево”, каде се истакнува со своите организациски способности, тимска работа, одговорност и прецизност. Неговите нагласени лидерски способности го зголемија продуктивното работење на фирмата.

Напоредно со тоа пишува и објавува статии од областа на политиката во бројни списанија на локално и централно ниво.