Додипломскки студии завршува 1978 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на групата педагогија. Постдипломски студии по Менаџмент на човечки ресурси завршува во 1999 година на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема Градење и трансфер на училишна визија.
Своите активности од областа на менаџментот ги започнува уште од 1994 година. Огромното обучувачко искуство го стекнува во Институтот за менаџмент на ДЕТРА Центар Скопје, каде од 1999г. до сега е ангажиран во реализирањето на голем број менаџерски обуки во поголеми организации: Мобимак, Телеком, Царина на РМ, Македонска пошта, Министерство за економија, Министерство за ЛС, Комуналните јавни претпријатија, Центрите за поддршка на НВО, MDW, USAID, GTZ, UNDP и др. Од 2006 година активно е вклучен во реализирањето на обуките како дел од проектот Модернизација на образованието и е дел од обучувачкиот тим на ДЕТРА за спроведување на обуките во Школата за училишни директори.
Автор е на книгата Прирачник за планинари водичи (1987) – прв текст од образовно стручен карактер од оваа област во Македонија и коавтор на книгата Врв на три мориња (1994). Автор е на учебникот Организациско комуницирање.