М-р Марјан Танушевски

Марјан Танушевски, магистер на менаџмент на човечки ресурси, во моментов е докторант на Институтот за социолошки и правно политички истражувања-Скопје.

М-р сц. Марјан Танушевски, повеќе од 20 години работи во сферата на медиумите и односите со јавност. Тој е професионален новинар-уредник, во Македонска Информативна Агенција-МИА а.д. Скопје. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „Гранд при“ на Фестивалот „Денови на Македонското радио“ во Струга, како и признанието „Новинар на годината“ од страна на „Битолски весник“ за 2010 година.

Танушевски посебно се истакнува во јавниот живот на општина Битола. Директно е вклучен во повеќе домашни и меѓународни проекти, реализирал обуки и тренинзи од сферата на односи со јавност и лобирање, а бил и координатор на пелагониско-охридскиот регион во проектот на Светска Банка „Развој на општините“.

М-р сц. Марјан Танушевски е редовен член на Македонското научно друштво-Битола и раководител на првиот Македонски Центар за лобирање. Во 2010 г. е директен учесник на Меѓународен симпозиум за лобирање во Загреб, Хрватска а со свои стручни трудови и презентации настапил и во Франција, Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција.

Автор е на следните стручни и научни трудови: „Водич за медиумска афирмација и презентација“, МКЦ-Битола, 2008, „Лобирање во локалната самоуправа“ МЦМС, Скопје, 2009, „Комуницирање, Односи со јавноста, Лобирање“, ко-авторски труд со проф. д-р Константин Петковски, Битола, 2009, објавен труд на тема „Лобирањето како фактор за зголемување на ефикасноста на локалната самоуправа“ стр.69-86 во „Евродијалог бр.12“-списание за европски прашања, поддржано од мисијата на Европската Унија, Скопје, 2009, а по повод јубилејот 50 години Македонско научно друштво-Битола, објавена е и книгата на англиски јазик “Lobbying in Local Government”, MSS, 2010.

Објавил, трудови стручни мислења, колумни, интервјуа и други прилози во локалните и националните медиуми во државата и странство.