М-р Михајло Стојановски

Магистер по информатика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола каде и дипломира.

Оваа образовна основа е дополнета со долгогодишно практично искуство со различни информатички технологии, сертификати од лидерот на комуникациските технологии - академијата CISCO од САД како и други постигнувања во графичкиот дизајн. Негови интереси се и области како физиката, астрофизиката (каде има постигнато видни резултати), страст кон автомобилизам, литература и особена талентираност кон фините уметности.

Поседува способност за одлично пренесување на знаењата од областа на информатичката наука, како и запознавање на студентите со најновите достигнувања во оваа област и различните информатички технологии кои можат да ги употребат во нивната кариера.

Член е и на меѓународната асоцијација  за натпросечно интелегенти луѓе - MENSA од 2001 година.