Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска завршува Технолошко-металуршки факултет, прехранбено и биотехнолошко инженерство, на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
На 16-10-2007 година го брани магистерскиот труд на тема: „Евалвацијата и професионалниот развој на наставниците во средно образование“, на Педагошкиот факултет во Битола.
Во 2008 година се запишува на докторски студии на Педагошкиот факултет во Битола – Менаџмент во образованието и ја презентира темата за докторската дисертација, која е одобрена за работа.
Работи како соработник во развојот на курикулуми од ФАРЕ Програма во Македонија.
Учествува во изработка на курикулум за производно-процесна струка и изработка на курикулум за образовен профил – Процесен техничар и наставни програми по стручни предмети.
Член е на стручен тим за изготвување на прашања за изработување на национални стандардизирани тестови, за екстерно оценување на учениците.
Во 2002 година е координатор на ФАРЕ Програма, за спроведување на реформи во образованието.
Во 2003 година е вклучена во меѓународен проект „Призма“, поддржан од Министерството за труд на САД и УСАИД, во компонентата локален економски развој – „Обуки според потребите на стопанството“, за чии потреби изработува програма и реализира обука за преквалификации на работници, според потребите на работното место.
Поминува студиски престој во Солун, каде се стекнува со сертификат за спроведување на обуки од областа на Претприемништво, Менаџмент, Деловни финансии и Информатичка технологија.
Рецензент е на три учебници за Хемиско технолошка струка. Автор е на учебник Прехранбена технологија за IV година, редовен и изборен предмет, за Хемиско-технолошка струка.
Член е на авторски тим за подготовка на ракопис за три учебници за Хемиско-технолошка и Земјоделско – ветеринарна струка.
Учествува на голем број на обуки за наставници. Спроведува работилници за обука за наставници, во рамките на СЕА проектот, УСАИД.
Во 2008 година е вклучена во проектот „Подобрување на раководењето и управувањето на училиштата“, од СЕА, УСАИД, за чии потреби држела обуки на директори од основни и средни училишта, советници, просветни инспектори, како и на членови на училишни одбори.
Во 2009-2010 година учествува во проектот „Зајакнување на капацитетите на училишните одбори“, организиран од УСАИД и МЦГО.
Успешно ја завршува обуката за обучувачи и во рамките на истиот проект држела обуки на членови на училишни одбори од повеќе средни и основни училишта од Р Македонија.
Ментор е на училишни одбори од основни и средни училишта во Р. Македонија.