М-р Слаѓана Т Стаменкова

Дипломира на Биолошки Факултет во Скопје 1984 год., а 2009 год. Магистрира на Менаџмент во образование на тема: „Обука на училишниот кадар во функција на раководење и управување.“

Поседува над 20 сертификати од областа на воспитно–образовната дејност,планирање на семејство, екологија, ИКТ технологија. Добитник е на неколку награди од областа на екологијата, заштита од СИДА, туберкулоза. Ангажирана е како резензент на научни и стручни трудови од областа на биологијата, природните науки. Автор е и коавтор на стручни трудови од областа на биологијата, скрипти, еколошки весници, и други помагала од областа на образованието.

Има искуства како обучувач на курсеви, семинари, работилници, трибини, практични вежби, изготвување сценарија, поставување на реални ситуации на терен и други активности: предавања, менторска работа со студенти, наставници-приправници.

Подрачја на нејзин интерес се биологија, екологија, анатомија и физиологија на растенија, животни и човек, начин и култура на исхрана.