М-р Стево Темелковски

Дипломира на УКИМ - Електротехнички факултет - Скопје на групата автоматика. Постдипломски специјалистички студии по кадровски менаџмент завршил на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на УКИМ - Скопје, а магистрира на истиот институт на катедрата за менаџмент на човечки ресурси. Понатамошното образование го продолжува на постдипломски докторски студии за образовен менаџмент на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски‘‘ во Битола.

Оперативниот, линискиот менаџмент и надзорништвото се негов фокус на научен и практичен третман. Оперативното менаџерско искуство најдиректно го стекнува во Фармацевтско-хемиската и козметичка индустрија, ,,Алкалоид‘‘ - Скопје. Тука активно учествува во изготвувањето и реализацијата на повеќе проекти и управувачки зафати како реконструкција на производен погонот за киселини; автоматизирање на погон за козметички препарати; проектирање и реализација на ИТ терминалска мрежа; систем за контрола на ефективното работно време и др.

Учесник е во повеќе научно-истражувачки проекти во ,,Институтот за развој и истражување‘‘. Искуството од меѓународната трговија и шпедиција на производи од црната металургија го здобива во швајцарската компанија ,,Ајронимпекс‘‘- Базел. Претприемничката активност конкретно ја практикува скоро 2 децении како менаџер на Друштвото за инженеринг, консалтинг и издавачка дејност ,,Бигосс‘‘ од Скопје, каде е носител на сите проекти што досега се реализирани: станбени, индустриски, инвестициони програми за производни погони и сл. Реализатор е на неколку изложби во МАНУ. Како главен уредник публикува неколку стотини дела од разни научни области.

Едукативното искуство го стекнува како предавач на Европскиот проект за лични деловни вештини на Германскиот институт за меѓународна соработка во Скопје, и како надворешен професор на група предмети по Спортски менаџмент на Факултетот за физичка култура на УКИМ, Скопје.

Поседува повеќе сертификати за претприемништво, консултантство, МЧР, проектент менаџмент, доживотно учење.

Автор е на неколку книги од областа на менаџментот на човечките ресурси, водните ресурси, како и повеќе научни статии.