Стојанче Митовски дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1994 на тема „Технолошко-извозни карактеристики на македонското стопанство“. Во 2000 година станува Специјалист по кадровски менаџмент на Институтот за социолошки и политично-правни истражувања на тема „Човекот како фактор на продуктивноста и економичноста на трудот“, а во 2002 година на истиот институт магистрира на тема „Влијанието на мотивацијата и перманентното образование на човечките ресурси врс профитабилноста“.
По завршувањето на средното економски училиште ангажиран е како надворешен соработник на Институтот за социолошки и политично-правни истражувања. Своето прво работно искуство го започнува во UNHCR, а потоа работи на проекти за Министерство за земјоделие и водостопанство и Факултетот од Висконсин (САД), Педагошки институт на Македонија и KulturKontakt, ABC Consulting и GTZ, Министерство за Финансии, Министерство за правда и Светска банка (IDA и IBRD), со консултантските фирми Transtec и Progeco работел на реализација на неколку проекти на Европската агенција за реконструкција.
Во 2008 година е ангажиран за сминањето на филмовите „Исток-запад-исток“ и „Нормал“ и е одговорен за финансиските средства за реализирање на истите. Истата година е избран за предавач на Бизнис Академина Смилевски.
Од 2009 година е вработен во Europartner Group како раководител на секторот за меѓународна соработка и проекти, а истовремено e ангажиран како консултант во италијанската консултантска фирма Progeco.