Дипломира на Технички факултет во Битола како еден од најдобрите студенти и се вработува во престижната фирма за изработка на индустриски роботи и ЦНЦ машини Микросам од Прилеп.
2002 година се вработува како наставник по машински стручни предмети во средното училиште во Битола Ѓорги Наумов. Наредните години се вработува во СОУ Таки Даскало, ОСМУ д-р Јован Калаузи и во ОУ Коле Канински Битола.
Завршува постдипломски студии на Педагошкиот факултет во Битола со просек 10,00 во насоката Менаџмент во образование. Насловот на магистерскиот труд е Моделирање на обука на наставниците за нивната менаџерска улога во теоретската настава.
Консултант е на британската консултанска фирма од Лондон – Центар на британските учители и на консултанската куќа ДЕТРА Центар од Скопје.
Регионален координатор е на Проектот на модернизација од Светската банка и МОН за Битола, Прилеп, Демир Хисар и Крушево.
Како консултант во над 80 основни и средни училишта изработи Самоевалуации, Планови за развој на училиштата и Предлог проекти за имплементација на средствата од грантот со финансиски рамки, носители и индикатори за успех. Обучувач е на директорите, училишните одбори и наставниците во средното и основното образование од УСАИД за квалитет во образование, законодавство и финансии, како и за нови стратегии и методи на работа и фасцилитаторски вештини. Училишен координатор е на повеќе проекти од Европската агенцијата за реконструкција и развој.
Поседува над 50 сертификати од областа на воспитно–образовната дејност, консултанство, јазици, информатичка технологија. Добитник е на неколку први награди од областа на литературата, како и автор на над 100 научни и стручни трудови од областа на менаџментот во образование, стратешкиот менаџмент, педагошката практика на наставниците, иновативното конструкторство и индустрискиот менаџмент