Лектор
Додипломски студии завршила на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедра за англиски јазик и книжевност. Уште пред дипломирањето започнува да работи како наставник по англиски јазик во основно училиште, продолжува како професор во средно училиште, за да ја продолжи својата кариера во приватното училиште за странски јазици, прво како локален директор на огранок, а потоа како образовен консултант чија главна одговорност е воведување, обука и супервизија на наставници.
Постдипломски студии завршува на Педагошкиот факултет при универзитетот “Св. Климент Охридски“, насока Менаџмент во образованието со магистерски труд на тема “Транзицијата на супервизорот од надзорник во советник“. Во моментот ја привршува подготовката на докторската дисертација на тема “Деловните и едукативните ефекти од организациското комуницирање во компаниите каде работен јазик е англискиот“, која всушност преставува идеален спој додипломското и постдипломското образование.