Дома arrow Програми arrow Студиска Програма
Студиска Програма PDF Испечати E-Mail
КОНЦЕПЦИЈА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Основен концепт на професионалните студии по бизнис со примарна ориентација кон малите и средни бизниси е МОДУЛАРНОСТА. Според овој концепт студиската програма е составена од две компоненти: студиско јадро и модули за проширување на професионалните комптенции.

Студиското јадро обезбедува стручна основа за разбирање и ефикасно работење на позицијата оперативен менаџер во претприемничка и конкурентска деловна средина и се остварува низ задолжителните стручни и општообразовни предмети во текот на студиите.

Модуларноста претставува програмско решение за проширување на работната зона на дипломираните студенти кон другите менаџерски позиции од средно ниво кои се комплементарни со оперативниот менаџемент. По завршувањето на првата студиска година студентите самостојно се определуваат за изборни стручни предмети кои ја зголемуваат компетентноста за областа на оперативниот менаџмент или за изборни програмски модули (група поврзани предмети) кои ја прошируваат работната зона при, или по вработувањето.

Изборните стручни предмети им овозможуваат на студентите да стекнат вештини за проширување на својата работна зона во малите и средни трговски друштва или продлабочени компетенции за определени специфични менаџерски должности во големите компаниии и други институции.

Изборните општообразовни предмети им овозможуваат на студентите да ја прошират својата општа и деловна култура – особено се корисни за ефективно деловно однесување во современите деловни односи како и за нивниот натамошен менаџерски развој.

Конечно, студентите ќе можат, доколку за тоа имаат интерес и капацитет, да изберат до два факултативни предмети во платената школарина. Факултативните предмети можат да бидат од било која изборна област: предмет од изборните програмски модули за кандидатите определени за изборни стручни предмети, предмет од изборните стручни предмети за кандидатите определени за изборни програмски модули или дополнителни изборни општообразовни предмети.
 
 

Актуелни Новости

БАС постапи по забелешките на ДПИ

                          По извршениот контролен...

Список на студенти добитници на стипендии

Во прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии. Кликнете да го видите...

Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го

Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно...

Објавена листа на примени кандидати со државна матура

Во прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на...

БАС студентски кредит!

БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ! Свесни за неповолната...

други артикли

Кариерен центар

UpisОд 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)