Дома arrow За Бас arrow Мисија на БАС
Мисија на БАС PDF Испечати E-Mail
Мисија на БАС

Секој наш студент е своја приказна и свој пат. Посветени сме да ги откриеме вистинскиот потенцијал и афинитети на секој од нив, необидувајќи се да подгреваме лажни надежи за нереална иднина. Нашата менторска поддршка има единствена цел да ги извади на површина и засили оние интереси и способности на нашите студенти кои ќе ги водaт кон за нив најдобрата иднина.
Веруваме дека сите вложувања се враќаат. Дека секого го бидува за нешто и дека секој може да го најде своето место во животот.
Она што нас нè сплотува е непосредниот пријателски однос и взаемните доверба и почит. Веруваме дека тие се јадрото на успехот на сите современи организации. Нив безусловно ги вгнездуваме во етиката на нашите студенти. Веруваме дека различностите се предност и дека нивното здружување повеќекратно го зголемува успехот.
Веруваме дека проблемите се двигател на развојот и дека секој проблем е решлив. Ги охрабруваме грешките бидејќи тие нè носат до вистинска умешност.
Постојано ги усовршуваме нашите програми и начини на студирање и внимателно ги приспособуваме на реалноста во земјата. Нудиме применливи вештини и овозможуваме услови за практична работа во вистинскиот деловен свет за секој наш студент.
Веруваме дека умешноста најлесно се стекнува во безбедна и пријатна средина. Затоа и игрите се неизоставен дел од нашето заедничко патување кон професионалната умешност.

Со БАС...умешни.практични.успешни.
 
 

Актуелни Новости

БАС постапи по забелешките на ДПИ

                          По извршениот контролен...

Список на студенти добитници на стипендии

Во прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии. Кликнете да го видите...

Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го

Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно...

Објавена листа на примени кандидати со државна матура

Во прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на...

БАС студентски кредит!

БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ! Свесни за неповолната...

други артикли

Кариерен центар

UpisОд 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)