Дома arrow Програми arrow Студентска Практика
Студентска Практика PDF Испечати E-Mail

ПРОГРАМА ЗА ТЕРЕНСКА СТУДЕНТСКА ПРАКТИКА

Цели на теренската студентска практика:
- Запознавање на позицијата и функцијата на своето идно работно место во деловниот систем на организацијата;
- Запознавање на кариерните можности на својата идна професија;
- Стекнување сознанија од практиката потребни за сфаќање на теоретската настава во текот на студиите;
- Поединечно и синтетичко практикување на стекнатите знаења, ставови и вештини во текот на студиите и
- Стекнување компетенции за самостојно вршење на суштинките работни обврски од профилот кој го студираат

Содржина на теренската студентска практика:
Прв циклус: Ситуирање – студентска практика (СП) – партнерска организација (ПО) – пазар, односно клиенти
Овој циклус се остварува во текот на првиот семестар на студии и рамковно опфаќа:

Запознавање на студентите со:
- основната дејност на ПО;
- главните клиенти и крајните корисници на производите и услугите на ПО;
- главните снабдувачи;
- историјата и организациската структура на ПО и нејзините компански политики и регулатива

Втор циклус: Ориентација во идната професија
Овој циклус се остварува во текот на вториот семестар на студии и рамковно опфаќа:

Запознавање на студентите со:
- деловните процеси на ПО и улогата на профилите на БАС во тие процеси;
- овластувањата и одговорностите на извршителите со профил на БАС;
- организациското комуницирање во ПО

Извршување од страна на студентите на:
- помошни работни активности на извршителите со профил на БАС и на нивните подредени

Трет циклус: Учество во професионалната работа
Овој циклус се оставрува во текот на третиот и четвртиот семестар и рамковно опфаќа:
- самостојно извршување помошни работи на работното место
- заедничко извршување на работни задачи со извршителот на работното место (менторот)
- извршување професионални задачи на работното место под надзор на менторот
- запознавање со работата на интерните добавувачи и интерните клиенти на работното место во организацијата

Четврт циклус: Изведување на професионални работни активности
Овој циклус се остварува во текот на едномесечната практика по четвртиот и во текот на петтиот и шестиот семестар и рамковно опфаќа:
- заедничко извршување на работни задачи со извршителот на работното место (менторот)
- извршување професионални задачи на рбаотното место под надзор на менторот
- заменување на извршителот во вршењето на професионални задачи за кои се оспособил и добил овластување (делегирани работни задачи).

Организација на теренската студентска практика

Првиот и вториот циклус од теренската студентска практика се остварува преку најмалку две еднодневни посети на мали и средни трговски друштва и други организации.
Во текот на наредните семестри секој студент минува еден ден во седмицата на теренска практика во соодветна (по правило во една партнерска) организација, а во следните, втора и трета студиска година, по еден месец.
За посетите и работата во организациите студентите водат работен и рефлективен дневник кој е составен дел на нивното студентско досие. 

 
 

Актуелни Новости

БАС постапи по забелешките на ДПИ

                          По извршениот контролен...

Список на студенти добитници на стипендии

Во прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии. Кликнете да го видите...

Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го

Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно...

Објавена листа на примени кандидати со државна матура

Во прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на...

БАС студентски кредит!

БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ! Свесни за неповолната...

други артикли

Кариерен центар

UpisОд 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)