| БАС Објавува |
|
|
|
Прелиминарно пријавување за рангирање на кандидатите за упис. БАС објавува прелиминарно пријавување за рангирање на кандидатите за упис со цел да им излезе во пресрет на оние кандидати кому БАС им е прв избор за студирање. Прелиминарното пријавување е во тек и ќе трае заклучно со 29.06.2008.
Резултатите од прелиминарното рангирање ќе бидат објавени на вебсајтот на БАС на 30.06.2008 година. Прворангираните 30 кандидати за редовни студенти на БАС ја сочинуваат прелиминарната квота и ним БАС им гарантира запишување во учебната 2008/2009 година под услов финалните резултати на матурата или завршниот испит навистина одговараат на она што тие го пријавиле при прелиминарното рангирање. Остатокот од кандидатите од прелиминарното рангирање кои ги исполнуваат условите за упис ќе бидат рангирани заедно со кандидатите пријавени во редовниот ушписен рок кој завршува на 24.07.2008. Финалната листа на сите примени редовни студенти на БАС ќе биде објавена на 25.07.2008. Примените кандидати ќе треба да ги поднесат оргиналните документи за запишување и да уплатат 50% од школарината за првиот семестар до 01.08.2008 година. Пријавата за прелиминарното пријавување можете да ја најдете во www.bas.edu.mk\jasvobas\zapisuvanje\prijava Сите детални информации околу прелиминарното пријавување можете да ги погледнете на www.bas.edu.mk\jasvobas\zapisuvanje\uslovi |
| < Претходно | Следно > |
|---|
| БАС постапи по забелешките на ДПИ
По извршениот контролен... |
| Список на студенти добитници на стипендииВо прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии.
Кликнете да го видите... |
| Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го
Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно... |
| Објавена листа на примени кандидати со државна матураВо прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на... |
| БАС студентски кредит!
БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ!
Свесни за неповолната... |
| други артикли |
Од 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)