Форма за Логирање






Ја заборави лозинката
Се немаш регистрирано? Регистрирај се тука
Дома
Што е МОКУ? PDF Испечати E-Mail
MOKU

Матрицата на очекувана кариерна успешностМОКУ е создадена врз основа на нашето долгогодишно искуство и стручност во користење на двата инструменти MBTI и Мултипла Интелигенција. Нејзината главна цел е да Ви помогне при одговарање на прашањето „Во која професија можам да станам добар/а и во што можам да постигнам успех и да се реализирам себе си?

За избраните 182 најзастапени професии во Р. Македонија, МОКУ дава насоки за тоа:

  1. Кои професии, според Вашиот тип на личност, се очекува да ги работите со задоволство и во кои би уживале работејќи ги
  2. Кои професии, според Вашиот тип на личност, се очекува дека ќе Ви биде потребен поголем напор за да ги работите
  3. Кои професии, според развиеноста на Вашите капацитети (интелигенции), ќе можете да ги работите без големи тешкотии
  4. Кои професии, според развиеноста на Вашите капацитети, се очекува да имате тешкотии да ги совладате и работите

За кого е создадена МОКУ?

МОКУ е наменски создадена за сите средношколци кои сакаат да донесат свесна и издржана одлука за тоа каде да продолжат со школувањето. Таа им помага да одлучат што тие сакаат, а што не сакаат да учат. Со тоа, МОКУ го помага изборот на животниот повик – идната професија. Овој инструмент укажува на тоа за што нив ги бидува, а што може да им биде потешко во учењето и работата. Помага во идентификувањето на природно јаките страни, но и предупредува на што да внимаваат и што да подобрат кај себе, за да прераснат во стабилни врамнотежени личности.

Што добивате со МОКУ?

По пополнувањето на двата инструменти (МБТИ и Мултипла интелигенција) Вие добивате писмен осврт на резултатите од двата инструменти и устен осврт на Матрицата на очекувана кариерна успешност – МОКУ (формата на МОКУ можете да ја видите во примерот даден подолу) кои би Ви помогнале посеопфатно, поедноставно и практично да ги протолкувате добиените резултати и да го стесните изборот на вискообразовна институција каде ќе го продолжите школувањето. Толкувањето на резултатите од МБТИ, Мултипла интелигенција и МОКУ ќе биде од страна на стручниот тим на БАС во просториите на Академијата.

Со ова очекуваме дека ќе ги продлабочиме Вашите сознанија и ќе Ве насочиме во изборот на Вашата идна професија.

 

 
< Претходно   Следно >
 

Актуелни Новости

БАС постапи по забелешките на ДПИ

                          По извршениот контролен...

Список на студенти добитници на стипендии

Во прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии. Кликнете да го видите...

Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го

Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно...

Објавена листа на примени кандидати со државна матура

Во прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на...

БАС студентски кредит!

БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ! Свесни за неповолната...

други артикли

Кариерен центар

UpisОд 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)