| Зошто да студирате во БАС? |
|
|
|
Подготвуваме идни шефови, раководители, надзорници (супервизори). Ги има во секоја фирма - мала или голема, производна или услужна, приватна или државна. Има големи можности за вработување.Голем дел од луѓето со високо образование, на својата кариерна патека, порано или подоцна добиваат можност за напредување на некаква раководна позиција.Таа носи повеќе обврски и одговорности, но и повисока плата, поширок круг на контакти и повисок статус. Со БАС, ќе добиете можност да го скратите периодот на напредување низ хиерархијата – ќе можете кариерата за ја започнете директно во менаџментот. Во БАС, подготовката за овие професии се прави непосредно, неформално, практично и темелно. Во следните 3 години ќе ги совладате сите вештини кои му се потребни на еден менаџер за успешно управување со себе, со работните задачи и со подредените вработени. БАС ќе го напуштите подготвени за работа уште од првиот работен ден. Во текот на сите три студиски години ќе добиете теоретска подлога, но и повеќе од 100 дена теренска пракса со голем број шефови, раководители и претприемачи од кои ќе добиете директни искуства, совети и предупредувања за тешкотиите во идната работа. Праксата ја започнувате уште во првиот семестар на студии, во различни фирми. Во Академијата, ќе имате можност работејќи во навистина мали групи (15 слушатели) да разјасните се што се поучува, да дадете свое мислење и да искусите мноштво работни ситуации по пат на игри и симулации на бизнис реалностите кај нас. Академијата има електронска администрација и индекс. Тоа ни дозволува да понудиме студии во кои во цената е вклучено буквално се! |
| < Претходно |
|---|
| БАС постапи по забелешките на ДПИ
По извршениот контролен... |
| Список на студенти добитници на стипендииВо прилог можете да го погледнете списокот на студенти добитници на стипендии.
Кликнете да го видите... |
| Список на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 го
Во прилог можете да го погледнете списокот на запишани студенти на БАС во учебната 2010/2011 година, заклучно... |
| Објавена листа на примени кандидати со државна матураВо прилог можете да ја погледнете листата на примени кандидати кои ги исполниле условите за запишување на... |
| БАС студентски кредит!
БАС СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ – БЕЗ БАНКА И БЕЗ ЖИРАНТИ – СО ПЛАЌАЊЕ ПО ВРАБОТУВАЊЕ!
Свесни за неповолната... |
| други артикли |
Од 10-те професии кои ќе бидат најбарани во 2020 година, според проценка на лидерите на 1600 најуспешни компании во светот, 4 се области на компетенции за кои се подготвуваат студентите на БАС: грижа за муштериите (II место) операции и производни процеси (III место), маркетиншки и продажни активности (V место), верига на набавки (X место) (Извор: Economic Industry and Corporate Trends 3/2006)