Бизнис академијата Смилевски веќе петта година го спроведува проектот МОКУ - Бесплатно тестирање за професионално насочување и помош во избор на идната кариера.
Сите заинтересирани можат да се тестираат во просториите на Академијата секој петок во 12 часот. Доколку сакате да се пријавите, Ве молиме пополнете ја оваа форма.
Матрицата на очекувана кариерна успешност – МОКУ е создадена врз основа на нашето долгогодишно искуство и стручност во користење на двата инструменти MBTI и Мултипла Интелигенција. Нејзината главна цел е да Ви помогне при одговарање на прашањето „Во која професија можам да станам добар/а и во што можам да постигнам успех и да се реализирам себе си?“
За избраните 168 најзастапени професии во Р. Македонија, МОКУ дава насоки за тоа:
МОКУ е наменски создадена за сите средношколци кои сакаат да донесат свесна и издржана одлука за тоа каде да продолжат со школувањето. Таа им помага да одлучат што тие сакаат, а што не сакаат да учат. Со тоа, МОКУ го помага изборот на животниот повик – идната професија. Овој инструмент укажува на тоа за што нив ги бидува, а што може да им биде потешко во учењето и работата. Помага во идентификувањето на природно јаките страни, но и предупредува на што да внимаваат и што да подобрат кај себе, за да прераснат во стабилни врамнотежени личности.
По пополнувањето на двата инструменти (МБТИ и Мултипла интелигенција) Вие добивате писмен осврт на резултатите од двата инструменти и устен осврт на Матрицата на очекувана кариерна успешност – МОКУ (формата на МОКУ можете да ја видите во примерот даден подолу) кои би Ви помогнале посеопфатно, поедноставно и практично да ги протолкувате добиените резултати и да го стесните изборот на вискообразовна институција каде ќе го продолжите школувањето. Толкувањето на резултатите од МБТИ, Мултипла интелигенција и МОКУ ќе биде од страна на стручниот тим на БАС во просториите на Академијата.
Со ова очекуваме дека ќе ги продлабочиме Вашите сознанија и дека ќе ви помогнеме во Вашето насочување во изборот на идната професија.