Натпревар за доделување на 18 тригодишни стипендии за додипломските студии по оперативен менаџмент на Бизнис академијата Смилевски – БАС во Скопје, Битола и Струмица
КООПЕРАТИВНО-КОНКУРЕНТСКА ИГРА
за рангирање на најизвонредните кандидати за стипендисти на БАС
Право на учество
Право на учество на овој натпревар имаат сите кандидати на возраст од 17 до 20 години кои се годинашни матуранти или веќе имаат диплома за завршено средно образование.
Цел на играта
Целта на БАСТИОН е освојување на едно од првите 6 места на конечната регионална ранг листа на кандидати за стипендија. БАСТИОН е игра на убедување, преговори и тимско решавање проблеми во која кандидатите, вработени во виртуелни компании, се борат да остварат најголем профит за својата компанија, но во исто време да остварат и најдобри индивидуални резултати во вид на финансиски средства и лични поени.
Стипендии

*сумата се однесува на вкупната тригодишна школарина
Временска рамка на играта
БАСТИОН се состои од шест предизвици кои се независни еден од друг. Шесте предизвици се распоредени во 2 средби и тоа:
I средба 05.05.2012 (сабота) во 10.00 часот
II средба 06.05.2012 (недела) во 10.00 часот
ВАЖНО!!! Присуството и активното учество во сите шест предизвици е задолжително!
Секое отсуство ќе резултира со моментална дисквалификација на кандидатот од играта. Како гаранција за посветеност на играта, кандидатот, заедно со пријавата депонира 1000 денари пред почетокот на играта. На крајот на третата средба овие средства ќе му/и’ бидат вратени во целост без оглед на постигнатите резултати во натпреварот, доколку кандидатот земе учество во сите шест предизвици.
Преглед на предизвиците
БАСТИОН се состои од шест предизвици за тимска работа во оперативно решавање на проблеми. Во продолжение се дадени насловите на предизвиците и клучните концепти и деловни вештини на кои се фокусира секој од нив. Деталните описи на предизвиците ќе бидат ставени на располагање на виртуелните компании на почетокот од секоја од шесте фази од натпреварот.
Предизвик #1 ФИРМА
Предизвикот се фокусира на: споделени интереси, споделени вредности, визија, мисија, естетски дизајн, презентациски вештини
Предизвик #2 АЈ-ФЕЛ
Предизвикот се фокусира на: креативно размислување, акционо планирање, договарање, работа во временски теснец
Предизвик #3 ПОЛНА МЕСЕЧИНА
Предизвикот се фокусира на: индивидуално поставување приоритети, договарање и убедување, консензуално тимско одлучување
Предизвик #4 ЛЕТОТ НА КОНДОРОТ
Предизвикот се фокусира на: креативно размислување, ситуационо решавање проблеми, дизајн, оперативно планирање, работа во временски теснец
Предизвик #5 РО-МА
Предизвикот се фокусира на: договарање, поставување приоритети, оперативно акционо планирање, презентациски вештини
Предизвик #6 ХРАБАР НОВ СВЕТ
Предизвикот се фокусира на: стратешко планирање визија, мисија, споделени вредности, преговарање, презентациски вештини
Пријавување на кандидатите
Заинтересираните кандидати треба да достават пријава со лични податоци (име и презиме, телефон и mail за контакт) и да приложат документ за завршено средно образование (копија од диплома) или потврда дека се запишани во IV година од средно образование заверена од стручната служба на училиштето.
Пријавата може да се пополни тука.
Повеќе информации на: 02/2455754 и 070/317487