Со цел да даде придонес во здруженото создавање на додадена вредност во вкупниот систем на професионално образование – од средното до високото образование и потоа во системот на доживотно учење на сите вработени и невработени, Бизнис академијата Смилевски – БАС на 30.06.2011, 04.07.2011 и на 07.07.2011 година на три локации во Македонија (БАС во Битола, Дом на АРМ во Струмица и БАС во Скопје) одржа Дијагностичко-концепциски работилници на тема: Искуственото учење и вработливоста.
Намерата на овие работилници беше да се утврдат потребите за осовременување на наставата по Бизнис во средните училишта и да се постават основите за идните партнерства помеѓу Академијата и заинтересираните средни школи.
Целна група на оваа работилница беа наставниците по бизнис во средното образование, каде што учество земаа вкупно 39 учесници од вкупно 25 средни училишта во Р.Македонија: