Етички кодекс на БАС

Доверба и почит

Сите сме ние различни и посебни.
Почитувај ги разликите и гради трајни врски. Тие нé обединуваат.
Довербата раѓа доверба, а искреноста е основа за взаемните доверба и почит.

Интегритет и достоинство

Биди свесен за своите вредности. Почитувај сé!
Ти си центарот на својот свет – најважната алка во заедницата.
Држи до себе!

Слобода на израз

Ослободи ја својата мисла. Таа е твоето најмоќно оружје.
Искажи се гласно, но не заборавај истото да им го дозволиш на другите.

Посветеност

Твојот избор е само твој. За него, најодговорен си пред себе.
Лесно е да се откажеш кога ти е тешко. Надмини се себе си и истрај до крај.
Посвети се потполно на сé со што ќе се зафатиш.

Недискриминација

Предрасудите се кафезот на твојот ум. Затоа развиј свесност за своите......и никогаш
немој да заборавиш дека сите ги имаме истите права!

Приватност

Твојот интимен свет е твоето царство. Само ти можеш да отвориш порти.
Никој нема право да влезе непоканет или да те условува за прием.
Чувај ја својата приватност и беспоштедно брани ја од натрапници.

Чесност

За секој предизвик во животот постојат два начини да успееш: добар и лесен.
Лесниот не е добар, а добриот не е лесен.
Не губи го тоа што толку макотрпно го градиш за една скришна нечесност која може да те врати назад на почеток.