Додипломски студии по оперативен менаџмент

Студиска програма Пријава за упис

Основен концепт на професионалните студии по бизнис е модуларноста. Студиската програма е составена од две компоненти: студиско јадро и модули за проширување на професионалните компетенции.

Студиското јадро обезбедува стручна основа за разбирање и ефикасно работење на позицијата оперативен менаџер во претприемничка и конкурентска деловна средина и се остварува низ задолжителните стручни и општообразовни предмети во текот на студиите.

Модуларноста претставува програмско решение за проширување на работната зона на дипломираните студенти кон другите менаџерски позиции од средно ниво кои се комплементарни на оперативниот менаџмент. Студентите самостојно се определуваат по завршувањето на првата студиска година кон изборни стручни предмети кои ја зголемуваат компетентноста за областа на оперативниот менаџмент или за изборни програмски модули (група поврзани предмети) кои ја прошируваат работната зона при, или по вработувањето.

Функцијата на изборните стручни предмети е да им овозможи на студентите да стекнат компетенции за проширување на својата работна зона во малите и средни трговски друштва или продлабочени компетенции за определени специфични менаџерски должности во големите компании и други институции.

Функциите на изборните општообразовни предмети е да им овозможат на студентите да ја прошират својата општа и деловна култура – особено корисни за ефективно деловно однесување во современите деловни односи како и за нивниот натамошен менаџерски развој.

Конечно, студентите ќе можат, доколку за тоа имаат интерес и капацитет, да изберат до два факултативни предмети во платената школарина. Факултативните предмети можат да бидат од било која изборна област: предмет од изборните програмски модули за кандидатите определени за изборни стручни предмети, предмет од изборните стручни предмети за кандидатите определени за изборни програмски модули или дополнителни изборни општообразовни предмети. 

Диплома

По успешно завршените тригодишни студии по Оперативен менаџмент на студентите им се издава диплома за завршено професионално високо образование – Дипломиран оперативен менаџер. 

Во додатокот на дипломата (diploma supplement) се наведени групата стручни изборни предмети или изборниот програмски модул кои студентот со успех ги завршил.

Сертификати

Бизнис академијата Смилевски овозможува студирање и завршување и на поединечни предмети и модули за што се издава Сертификат со освоениот број на кредити (ЕКТС).

 

AttachmentSize
prijava_za_upis_2012-2013.pdf281.81 KB