Услови и критериуми за упис на додипломските студии по оперативен менаџмент

  1. Право на запишување на прв циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски имаат кандидати со завршено четиригодишно средно (гимназиско или било кој вид на стручно) образование. Во првиот уписен рок право на прием имаат кандидатите со државна матура. Доколку по приемот на овие кандидати има слободни места, се примаат и кандидати со училишна матура или завршен испит, како и кандидати кои завршиле средно образование пред воведувањето на матурата.
  2. Право на запишување имаат и студенти од други факултети, како и дипломирани лица по посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити.
  3. Во случај на пријавување на поголем број кандидати од бројот утврден со конкурсот при изборот на кандидатите за прием се врши рангирање на кандидатите според постигнатиот успех од средното образование (30%), постигнатиот успех на матурскиот, односно завршниот испит (30%) и резултатите од проверката на предиспозициите на кандидатите за професионална успешност во областа на бизнисот (40%).
  4. Школарината по семестар изнесува 950 евра и се плаќа во две еднакви рати: при запишувањето на семестарот и до крајот на истиот. Во школарината се вклучени сите обврски кон Академијата, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите и останатите административни трошоци.

Документи за пријавување:

  1. Диплома и свидетелства од средно образование (оригинал или нотарска заверка).
  2. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка).
  3. Пополнета пријава за упис на БАС.
  4. М1/М2 образец или лекарско уверение – за вонредните студенти.

Документите се доставуваат лично или по пошта до седиштето на БАС во Скопје (бул. АВНОЈ 74а) или во дисперзираното одделение на БАС во Битола (ул.Јане Сандански бб, зграда на Шехерезада).

Траење на студиите:

Студирањето трае 6 (шест) семестри.
По дипломирањето, студентите се стекнуваат со диплома за високо образование со наслов Дипломиран оперативен менаџер (Bachelor). Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со попис на изборните модули или предмети и останатите остварувања во текот на студиите.