Постдипломски студии по стратегиски менаџмент

Студиска програмa Пријава за упис

Додека стручните студии по бизнис од прв циклус подготвуваат дипломирани оперативни менаџери, односно менаџери за водење на процесот на креирање на продуктите или услугите во претпријатијата и другите организации, целта на двегодишните стручни студии по бизнис од втор циклус е подготовка на менаџери за топ менаџментот, односно менаџери за стратегиско водење на компанијата како деловен систем.
Основен пристап во подготовката на овој профил во динамично окружување на организациите е холизмот и системското размислување. Со ваков пристап и соодветно структурирање на задолжителните и изборните предмети, со завршувањето на оваа студиска програма, од специјализантите се очекува да ги задоволат следниве очекувања:

  • Формулирање на динамични стратегии за усогласување на организациските ресурси со промените во екстерното окружување.
  • Развој на сеопфатни решенија за бизнис проблемите со синтеза и евалвација на информации и користење на квалитативно и квантитативно аналитичко расудување.
  • Донесување на ефективни менаџерски одлуки кои покажуваат високи етички стандарди како во глобално окружување така и во окружување на културни разноликости.
  • Извршување на комплексни задачи во тимови со културни разноликости и членови на тимот кои ќе работат на различни деловни средини.
  • Ефективно користење на технологијата во организацијата со цел да се постигне супериорна изведба и оперативна ефективност.
  • Примена на докажани менаџерски теории и практики за решавање на широк спектар на организациски прашања по испитување во релевантни и соодветни информациски извори.

Структура на студиската програма

Основната структура на студиската програма за втор циклус на студии е дизајнирана за кандидати со завршени тригодишни студии од прв циклус во областа на бизнис менаџментот, односно кандидати кои имаат стекнато 180 европски кредити.
Заради излегување во пресрет на потребите и интересите на студентите, студиската програма е составена од задолжителни и изборни предмети. Врз основа на позитивното искуство од развиените високообразовни организации во светот, а во рамките на суштинските определби на Болоња процесот, студиската програма е составена од 6 задолжителни, 6 изборни предмети и самостојна проектна работа на специјалистичкиот труд.
Сите задолжителни предмети се во обем од 7 европски кредити, а изборните во обем од 6 европски кредити.

AttachmentSize
prijava_postdiplomski_2012-2013.pdf288.48 KB