Студентски кредит

Како финансиско олеснување во текот на студиите, Академијата нуди можност за кредитирање на своите студенти без банки и без жиранти – со плаќање по првото вработување!
Договорот за кредитирање се склучува помеѓу Академијата и студентот и не вклучува трета страна. Формата на договарање е извршен нотарски договор со период на отплата од 5 до 10 години од моментот на првото вработување, а според конкретните потреби на студентот.

Со ваквиот договор за кредитирање се уредуваат односите помеѓу студентот и Академијата во врска со користењето на доделениот студентски кредит за школување на студентот, на студиската програма Оперативен менаџмент.
Академијата се обврзува на студентот да му одобри студентски кредит во износ од 50% од школарината. Студентот, од своја страна, има обврска целосно да ја реализира Теренската студентска практика на БАС, и има право најмногу 2 (два) пати неоправдано да отстуствува од теориската настава.

Износот на кредитот студентот го отплатува со 5 % годишна камата во договрениот период, од почетокот на неговото прво вработување, па се до конечната исплата. Доколку студентот го отплати вкупниот износ на кредитот пред своето прво вработување, тогаш се ослободува од каматата.

AttachmentSize
Барање за студентски кредит130.17 KB