Бизнис академијата Смилевски е висока стручна школа основана во 2007 година која својата прва генерација студенти ја запиша во 2008 година. Основачот на академијата д-р Цветко Смилевски е експерт во областа на бизнисот кој во 1991 година со својот ДЕТРА Центар ги постави основите на менаџментот во Македонија.
Бизнис академијата Смилевски е единствената високообразовна установа во Македонија со акредитирана програма за професионални студии по Оперативен менаџмент (дипломиран Оперативен менаџер). Идните раководители, шефови и надзорници/супервизори за прв пат имаат можност да се стекнат со соодветно професионално високо образование. Академијата нуди единствена професионална диплома на овие простори со можност за избор на еден од трите потпрофили внимателно избрани според најбараните професии во земјата: претприемач, комерцијалист и деловен секретар. Потпрофилот се наведува во додатокот на дипломата каде се содржани предметите од совладаниот потпрофил.
Постдипломските студии на БАС се во сферата на Стратегискиот менаџмент. Дипломата која се доделува за овој циклус студии гласи МБА – Специјалист по стратегиски менаџмент. Студентите на вториот циклус на студии можат да одбираат од четирите програмски модули: Стратегиско водство, Консалтинг менаџмент, Проектен менаџмент и Менаџмент во културата.
Предавањата се одржуваат во Скопје и во Битола, а ги држат 10 редовни наставници и поголем број надворешни соработници.
Бизнис академијата Смилевски ги нуди единствените акредитирани професионални студии по менаџмент во Македонија.
БАС е единствената високообразовна установа во Македонија во која односот помеѓу задолжителните и изборните предмети е 50:50. Со ваков принцип на работа, студентите имаат можност во поголема мера сами да си ги креираат своите студии.
Студентската практика во БАС е единствена по тоа што се одвива во целиот тек на студиите, а не само феријално во текот на летото. Од петте работни дена во неделата се изведуваат четири дена теоретска настава и еден ден практична работа во партнерските организации на БАС.
Наставниот кадар на Академијата се бира по пат на темелна хабилитациска практична проверка на педагошките и обучувачките квалитети на секој од наставниците.
Наставата во БАС се изведува во мали групи до 18 студенти што овозможува развој и одржување на групната динамика во текот на наставата и се остава можност за директен пристап до секој студент, според неговите преференци на учење.
Администрацијата на Академијата е потполно електронска, со што се намалуваат трошоците на студирање.
За своите струденти Академијата нуди бесплатни електронски наставни материјали, можност за вонредно студирање, далечинско студирање и трансфер на кредити од други високообразовни институции.
Уникатна карактеристика на начинот на студирање во Академијата е ИНДИВИДУАЛНОТО СИНЕРГИРАЊЕ – индивидуална настава внимателно скроена според потребите на конкретниот кандидат. Овој вид на студии е развиен за да се излезе во пресрет на потребите на кандидатите кои веќе водат свои бизниси, а посетувањето на редовните студии им претставува потешкотија поради обемните обврски со нивниот бизнис.