Преку теоретската настава и практичната работа во партнерските компании БАС го трасира патот кон успешната кариера на своите студенти, подготвувајќи ги да станат успешни професионални менаџери кои ќе можат да се справат со сите предизвици кои ги носи современиот деловен свет.
Учејќи и совладувајќи го материјалот, студентите на БАС уште за време на студиите имаат можност да се надградат на практично ниво, преку практична работа во успешни македонски компании. Со тоа тие го градат своето CV, деловно се вмрежуваат и стекнуваат непроценливо искуство за нивната понатамошна кариера како професионален менаџер.
БАС, како одговорна Академија се грижи за иднина и понатамошно деловно искуство на своите студенти. Токму поради тоа го креиравме Центарот за кариера, составен од администрацијата на Академијата, која има големо искуство во областа на човечките ресурси. Задача на Центарот е професионално да ги насочува студентите според покажаните резултати и развиените вештини и компетенции.
Предметите кои се нудат на Академијата се базираат на програма прилагодена на најновите европски и светски стандарди и го содржат материјалот потребен за градење и надградување на студентското искуство. Со тоа, студентите се градат како професионалци, но пред се’, како личности кои поседуваат знаења од општата деловна култура и однесување и професионални познавања на оперативниот и стратегискиот менаџмент.