Начини на студирање

Студиите во Академијата се изведуваат според потребите на студентот-клиент. Понудени се следните можности за студии:

Редовни студии

Редовни студии за кандидатите со завршено средно образование. Наставата за овие студенти се изведува во текот на секој работен ден, според распоред во кој се предвидува обработка на теми од еден наставен предмет во текот на еден работен ден.

Вонредни студии

Вонредни студии за кандидатите кои се во работен однос или се попречени да следат редовна настава. Наставата за овие студенти се изведува во попладневните и вечерните часови и е со зголемен интензитет.

Студии на далечина

Студии на далечина за кандидатите кои привремено престојуваат или постојано живеат надвор од Република Македонија. Овие студенти имаат целозен пристап до сите наставни материјали и предметни содржини преку образовниот портал на Академијата.

Трансфер на кредити

Трансфер на кредити од други високообразовни институции, според ЕКТС. Академијата врши пренос на кредитите (ЕКТС) стекнати на други високообразовни институции. По нивниот трансфер, студентите продолжуваат со студиската програма на циклусот во кој се запишуваат.

Индивидуално синергирање

Уникатна карактеристика на Академијата – индивидуална настава внимателно скроена според потребите на конкретниот кандидат. Овој вид на студии е раавиен за да се излезе во пресрет на потребите на кандидатите кои веќе водат свои бизниси, а посетувањето на редовните студии им претставува потешкотија поради обемните обврски со нивниот бизнис.